Во Општина Чашка почна со работа првиот граѓански сервис кој на жителите ќе им нуди услуги за подготвување на нивната документација, ќе ги информира конкретно за одредени теми од областа на економијата, земјоделството и здравството. Центарот е отворен исклучиво за потребите на жителите. Тое е по наша мерка, а не по примерот на другите општини. Имаме села кои се далеку од Општинскиот центар. Сакаме со него да услужиме што е можно повеќе граѓани. Во новоотворениот граѓански сервис ќе работат 12 луѓе, од различни области. До крајот на годината се предвидуваат и нови вработувања, односно стручни лица од секоја област. Граѓанските канцеларии ќе бидат достапни за сите граѓани од општината и соседните месни заедници.
Во Општина Чашка почна со работа првиот граѓански сервис кој на жителите ќе им нуди услуги за подготвување на нивната документација, ќе ги информира конкретно за одредени теми од областа на економијата, земјоделството и здравството.
-Центарот е отворен исклучиво за потребите на жителите. Тое е по наша мерка, а не по примерот на другите општини. Имаме села кои се далеку од Општинскиот центар. Сакаме со него да услужиме што е можно повеќе граѓани - вели Горанчо Пановски, градоначалник на општина Чашка.
Во новоотворениот граѓански сервис ќе работат 12 луѓе, од различни области. До крајот на годината се предвидуваат и нови вработувања, односно стручни лица од секоја област. Граѓанските канцеларии ќе бидат достапни за сите граѓани од општината и соседните месни заедници.
-Отворивме канцеларии во поголемите населени места во општината. Тие ќе функционираат како истурени канцеларии за оние жители кои се подалеку од општинскиот центар за да не трошат многу средства при нивното доаѓање тука - дополнува Пановски.
Инаку, во Богомила, Извор и Јаболчиште веќе функционираат канцеларии од ваков тип од каде досега граѓаните ги вадеа своите потребни документи.